Вакво нешто се погодува еднаш во животот: Со три точни резултати до добитна квота од 2.000

Неверојатен тикет во саботата беше уплатен во Петровец, каде што еден обложувач решил со вложени 50 денари да „брка“ погодување на три точни резултати. Се работи за мечеви кои се играат во саботниот попладневен термин, и тоа во коишто играа три големи европски гиганти.

Реал Мадрид со 3:0 победи на гости кај Жирона во дуел кој беше дерби на двете првопласирани екипи. Кралевите немаа проблеми и победија убедливо, а резултатот 0:3 носеше квота од точно 17.

ПСВ на свој терен во Ајндховен без проблеми со 3:1 славеше над Волендам, а токму тој резултат го предвидел и обложувачот од Петровец. Интересно е дека голот за 3:1 домаќините го постигнаа во 90+5 минута.

Третиот погоден точен резултат е на контроверзниот дуел од англиското првенство меѓу Тотенхем и Ливерпул. Домаќините победија со 2:1 во меч на кој судиската комисија во Англија потврди дека на гостите им бил поништен чист погодок.

Тотенхем до победата од 2:1 стигна во 90-5 минута, и тоа блаодарение на автоголот на Матип, што значи дека овој обложувач што уплатил само 50 денари и направил вкупен коефициент од 2.003 за да добие бруто-добивка од 100.194 денари, едноставно имал среќа како што може да се има еднаш во животот.

- Оглас -

Најнови вести