Валенсија ги сопре Биковите од Памплона, Гуедеш постигна светски гол (Видео)

Валенсија успеа да ги сопре Биковите од Памплона, а шоу имаше Гонкало Гуедеш со фантастичен водечки погодок за домаќините во победата од 2:0.

Во 12. минута Португалецот тргна во вистински слалом од својата половина и сам ја нанижа одбраната на Осасуна, за да финишира со погодок. Соло акцијата беше феноменална, а гостите не усепаа ниту да го фаулираат Гуедеш, кој падна, па веднаш стана и продолжи да ги дрибла противниците во неверојатниот трк од околу 70-на метри.

Потоа и Родриго конечно постигна регуларен гол, откако во дуелот со Реал Мадрид и денеска против Осасуна му беа поништени погодоци по проверка со помош на ВАР системот.

Валенсија ја забележа првата победа по три меча без триумф и со 46 бода е на осмото место на табелата во Ла Лига. Осасуна го претрпе вториот пораз по ред без постигнат гол, а на двата последни дуели има гол-разлика од 0:7. Клубот од Памплона е на 12. позиција со 35 бода.

- Оглас -

Најнови вести