Валенсија прокоцка победа за 4 стотинки, па направи чудо во продолжение (Видео)

Евролигата година понуди неколку фантастични натпревари со драматична завршница, но број 1 веројатно е мечот што вечерва се одигра на Босфор, меѓу Фенербахче и Валенсија.

Гостите од Шпанија прокоцкаа чиста победа во регуларниот дел и успеја да примат кош за продолжение на 4 стотинки до крај, а потоа приредија подвиг и анулираа негатива од пет поени во дополнителните пет минути и славеа со 100:98.

Драмата се случуваше во текот на целата четврта четвртина, кога гостите од Шпанија надоместија 13 поени негатива, а потоа се фрлија во вода за четири стотинки.

Алберто Албалде погоди од одбојка на четири стотинки до крај и се чинеше дека Валенсија ќе победи со 84:82, но гостите во последниот напад го заборавија Нандо де Коло.

Францускиот репрезентативец од аут во скок ја прифати топката и погоди на една стотинка до крај за нерешено, 84:84 и продолжение од пет минути.

Потоа се чинеше дека се ќе биде рутина за Фенербахче, домаќините водеа со 98:93 на нешто повеќе од една минута до крај, но и тука не беше крај на возбудувањата. Валенсија направи серија од 7:0 и ги однесе бодовите.

 

Нандо де Коло беше прв стрелец на мечот и постигна 31 поен, а зад него кај Фенербахче се Луиџи Датоме и Дерик Вилијамс со по 20 поени.

Кај гостите извонредно одигра црногорскиот репрезентативец Бојан Дубљевиќ со дабл-дабл учинок од 30 поени и 12 скока. Џордан Лојд и Брук Мотум постигнаа по 14 поени во исклучително важната победа на Валенсија.

Шпанскиот тим сега има биланс од 7-9, а се чини дека шансите за плејоф за Фенербахче исчезнаа по 11. пораз во 16 кола во Евролигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести