Валенсија смени тренер, успеа еднаш и да шутне на гол и пак загуби (Видео)

Раул Гарсија одигра симултанка против Валенсија на „Месталја“ и со два гола го потопи слабиот домаќин, кој е во голема криза.

Атлетик Билбао лесно ги освои бодовите против некогашниот двоен европски вицепрвак, кој има само еден удар кон противничките голови во последните три кола, или за малку повеќе од 270 минути игра.

Вечерва Лилјаците беа слаби, а ги декласира 33-годишниот напаѓач на гостите. Особено убав беше вториот гол на Гарсија, кога упати бомба од околу 25 метри, а Силесен беше немоќен.

И вториот меч што се играше во Ла Лига од 19.30 часот заврши со победа на гостинскиот тим од 2:0. Гранада со головите на Антонин и на Солдадо го надигра Алавес, тим кој сега е во серија од четири порази.

- Оглас -

Најнови вести