Валенсија еднаш шутна на гол и ја утна страната (Видео)

Жофреј Кондогбија со чуден автогол му донесе победа на Еибар против Валенсија од 1:0 во меч во кој двојниот европски вицешампион ниту еднаш не шутна директно во голот на домаќините што вечерва го бранеше Марко Дмитровиќ.

Единствениот шут во рамки на голот беше тој на Кондогбија во 16-тата минута, но играчот од средниот ред на Валенсија ја утна страната.

Автоголот на Кодогбија можете да го погледнете ОВДЕ.

Звучи чудно, но Валенсија има само една победа против Еибар на последните 8 меѓусебни дуели, а вечерва популарните Лилјаци одиграа мизерен меч и заслужено загубија од тим што се бори за опстанок.

Еибар сега има 32 бода на 17-тото место, едно над зоната за испаѓање, а Валенсија има 46 бода и сè уште има шанси за настап во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести