Реал Мадрид ќе биде без двајца од своите клучни фудбалери на последниот првенствен натпревар сезонава против Атлетик Билбао – Винисиус и Орелијан Чуамени, пишува весникот „Марка“.
Бразилскиот напаѓач добил неколку дена одмор, откако беше објавен составот на „кариоките“ за Светското првенство, па нема да настапи на овој натпревар.
Чуамени има мускулни проблеми, но ќе биде надвор од составот и поради враќањето на Федерико Валверде. Тренерот Алваро Арбелоа проценил дека двајцата не можат да бидат заедно во тимот.
Познато е дека тие се степаа на тренинг, а уругвајскиот играч од средниот ред, Валверде, дури заврши и во болница по инцидентот, поради што ги пропушти последните три натпревари на „кралскиот“ клуб.
Ова ќе биде и прошталниот натпревар на Дани Карвахал во дресот на Реал Мадрид, а клубот подготвува специјална церемонија за испраќање на еден од најпрепознатливите фудбалери на тимот во последните години.

