Ван Бастен: На Милан му требаат повеќе Италијанци во тимот

Легендата на Милан и на светскиот фудбал, Холанѓанецот Марко ван Бастен, смета дека на Росонерите им требаат повеќе добри домашни играчи како дел од решението како тимот да се врати на врвот на Серија А.

„Финалето во 1989 година против Стеауа беше специјално затоа што по долги години, Милан повторно освои меѓународен трофеј. Тоа беше остварување на сонот на Берлускони, кој сакаше Милан еден ден да се качи на врвот на светот. Имавме супер тим со најдобрата одбрана во Европа: Тасоти, Барези, Костакурта, Малдини, Гали на голот. Во средина тука беа Анчелоти, Донадони, Рајкард, Коломбо, Евани, Албертини, во нападот јас, Гулит, Вирдис, Масаро, итн. Милан е голем клуб, но, за жал, последните години доминира Интер и фановите на Милан не се среќни. Убеден сум дека Милан ќе се врати на победничкиот пат. Можеби ќе помогне ако има повеќе домашни играчи во тимот. Има квалитетни, но не се користат доволно. На пример: во Шпанија повеќе се ценат домашните играчи и затоа репрезентацијата им е силна“, вели Ван Бастен, кој со Рајкард и Гулит беше дел од холандското трио со кое Милан жареше и палеше низ Европа пред повеќе од 30-тина години.

- Оглас -

Најнови вести