Ван Бастен за идниот играч на Манчестер јунајтед: Не вреди ни приближно до 100 милиони евра

Антони има договорено трансфер од Ајакс во Манчестер јунајтед, а според шпекулациите на медиумите во Холандија и Британија, Црвените ѓаволи за Бразилецот ќе платат отштета дури od 100 милиони евра.

Марко ван Бастен, кој е еден од најголемите холандски и европски голгетери во историјата, го следи холандското првенство и смета дека Бразилецот не вреди толку многу.

„Тој не вреди 100 милиони, ниту приближно. Уште се нема докажано. Има нешто, одигра неколку многу добри натпревари, но ефикасноста не му порасна во последните две години и често ја губи топката. Сака да дрибла, а греши во 7 од 10 обиди“, анализира Ван Бастен.

 

 

- Оглас -

Најнови вести