Ван Бомел живее во страв откако навивач кој сакал да стане фудбалер му испраќа пораки заканувачки со смрт

Некогашниот холандски репрезентативец Марк ван Бомел кој во кариерата играше за гиганти како Барселона и Баерн Минхен, се соочува со сериозни проблеми. Тој моментално е тренер во белгискиот Ајнтверпен, а веќе одреден период добива пораки со заканувачка содржина.

Навивач по име Јамалех Хабан, кој имал желба да стане професионален фудбалер, му се заканува на Ван Бомел дека ќе го уби.

„Слушај Марк, твојот живот и животот на твоето семејство зависи од ова. Дозволи ми да станам професионален фудбалер. Немој да одиш во полиција, затоа што ќе те убиеме тебе и целосто твое семејство. Знаеме каде живееш“, стои во една од заканите.

Хабан од Ван Бомел бара да му даде професионален договор со Ајндховен и тоа го прави на насилен пат. Во една ситуација, Хабан дошол пред домот на Ван Бомел и со факел се обидел да го изгори, а потоа сакал да извади и пиштол. За среќа, тренерот на Ајндховен навремено избегал.

Ван Бомел пријавил во полиција и веќе е започната судска постапка. Како безбедносна мерка, Ван Бомел и семејството сега живеат во хотел.

- Оглас -

Најнови вести