23.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Ван Дајк во трка со времето пред мечот против Фламенго

Ливерпул во Доха замина со 20 фудбалери, од кои само двајца се централни дефанзивци. Тоа се Ван Дајк и Гомес, така што Клоп нема многу простор да ротира во дефанзивната линија. Меѓутоа, германскиот стратег наиде на проблеми пред неколку дена во пресрет на средбата со Монтереј.

Ван Дајк го фатила настинка и го пропушти полуфиналето во кое Ливерпул славеше со 2-1, а на негово место принудно играше капитенот Хендерсон. Сепак, Клоп е оптимистичен пред денешната пресметка за светската титула, бидејќи Холанѓанецот вчера го издржал целиот тренинг на Црвените.

Одлука за тоа дали Ван Дајк ќе игра, или Клоп повторно ќе експериментира ќе се донесе еден час пред почетокот на финалето.

- Оглас -

Најнови вести