Ливерпул стигна навреме за финале – Фирмино даде гол за победа во 91-вата минута

Роберто Фирмино погоди во последните моменти од полуфиналето на Светскиот клупски куп и го одведе европскиот првак Ливерпул во финалето, на мегдан со Фламенго.

Ливерпул изведе одлична акција во 91-вата минута, а со гол ја круниса Бразилецот. Монтереј одигра одличен меч и беше рамноправен противник на големиот фаворит за титулата.

Ливерпул поведе со голот на Кејта во 12-тата минута, но многу брзо Мексиканците израмнија со погодокот на Фунес во 14-тата минута.

И потоа се чекаше гол долг период, сè до самиот финиш, кога Фирмино погоди за победа на Ливерпул од 2:1.

Претходно Фламенго, како првак на Јужна Америка, го победи Ал-Хилал со 3:1 и ќе игра за титулата против европскиот првак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести