Некогашниот тренер на Барселона, холандскиот стручњак Луис Ван Хал, не се согласува со начинот на којшто работи клубот. Тој има замерки за трансфер-политиката и за тоа како тренерите го користат талентираниот Френки Де Јонг, кој не може да дојде до израз.
„Мислам дека Артур Мело и Ракитиќ може да играат заедно со Френки де Јонг во средниот ред. Така и стоперите на Барса би се поправиле бидејќи пред себе би го имале Френки. Единствен клуб кој мораше да го купи Де Лихт од Ајакс беше Барселона. Со оглед на тоа што Бускетс уште игра, имам впечаток дека подобро ќе беше Де Јонг да отидеше во Јуве, а не Де Лихт. На Барселона повеќе ѝ треба Матајс отколку Френки. Мислам дека клубот направи двојна трансфер-грешка“, смета Ван Хал.