Ванда го изневерува Икарди со негов поранешен соиграч од Интер? (Фото)

Фудбалерот Мауро Икарди се сомнева дека неговата сè уште официјална сопруга Ванда можеби го изневерува со неговиот поранешен соиграч Кеита Балде.

Балде, кој сега е член на Спартак Москва, со тимот е на подготовки во Дубаи, а случајно или не, деновиве во Дубаи е и сопругата на Икарди, Ванда.

Според некои извори, Икарди тврдел дека Кеита постојано ѝ испраќа пораки на Ванда, па за тоа ја известил и сопругата на Балде, Симона Гуатиери.

Интересно е што на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа дека Ванда и Симона носат ист накит. Веројатно Балде им ги има купено ланчињата.

- Оглас -

Најнови вести