Ванда Икарди вечерва со својата порака на Инстаграм профилот најави крај на врската со Мауро Икарди. Атрактивната Ванда и аргентинскиот фудбалер се во врска веќе неколку години, а нивното „спојување“ беше испратено со голем скандал.
Ванда беше жена на Макси Лопес, а Мауро беше нивни семеен пријател. Во еден момент Ванда го напушти Макси и се појави со Мауро. Нивниот заеднички живот е веќе неколку години, а Ванда му е и менаџер на Мауро. Сепак, по последната порака на Ванда, јасно е дека нешто не е како што треба.
„Уште едно семејство кое го уништи поради една ку*ва“, порача Ванда на својот инстаграм профил, а веднаш потоа го тргна Мауро од пријатели на оваа социјална мрежа.