Некогашниот шпанскиот прволигашки фудбалски клуб Расинг Сантандер пријави во полиција дека ноќеска некој со моторно возило сериозно им го оштетил теренот.
Расинг в сабота навечер на својот „Ел Сардинеро“ треба да игра со Унионистас Саламанка, а од клубот сите детали што ги знаат и можни докази ги предале во полиција и се работи на откривање на сторителот.
ℹ️ El Real Racing Club ha puesto los hechos en conocimiento del Cuerpo Nacional de Policía. pic.twitter.com/8YAxvYUCWx
— Real Racing Club (@realracingclub) November 25, 2021