Трагично загинатиот Коби Брајант ја предводи генерацијата 2020 кои од вчера се новите членови во Куќата на славните на НБА лигата. Легендарниот Еџерџија кој животот го загуби во хеликоптерска несреќа пред повеќе од два месеци е најзвучното име покрај Тим Данкан и Кевин Гарнет кои се најдоа во одбраното друштво, а за приемот во негово име зборуваше сопругата Ванеса.
„Сè што оствари во кариерата водеше до овој момент. Би сакала да е тука со нас, па заедно да го прославиме овој момент. Горди сме на Коби, мала утеха е овој влез во Куќата на славните, но дефинитивно за него е најголемо достигнување во кариерата“, посочи Ванеса Брајант за „ЕСПН“.
Брајант загина на 41-годишна возраст, а професионалната кариера ја заврши во 2016 година по точно две децении како играч на ЛА лејкерс. Со франшизата од Лос Анџелес освои пет шампионски прстени, има една МВП награда, моментално е четврти на вечната листа по бројот на постигнати поени, додека 18 пати беше избран за Ол-старот.