ВАР-бламажа: Погрешни одлуки во три пенал-ситуации

ВАР-технологијата вчера имаше ден за заборав во Премиер лигата. Од таборот на англискиот шампионат потврдија дека вчера технологијата донела неточни пенал-одлуки во сите три меча кои беа на програмата.

Бруно Фернандеш заработи најстрога казна на гостувањето кај Астон вила, иако Португалецот очигледно направи прекршок над Конса. И со проверена снимка, Јунајтед доби прилика да поведе од белата точка, што беше најава за победата од 3-0.

Вард-Провс изнуди со симулација, но не го реализира пеналот на средбата Евертон – Саутхемптон, која заврши со реми од 1-1, додека Тотенхем требаше да добие пенал откако Кејн беше турнат од зад грб во шестнаесетникот, но Петлите на крајот ремизираа без голови против Борнмут.

Од Премиер лигата тврдат дека Тотенхем требаше да добие пенал, но не и Јунајтед и Саутхемптон.

Новото бламирање на технологијата која всушност треба да им ја олесни работата на арбитрите, трпи нови критики од сите страни, дури и менаџерите се вклучија.

„Најважниот момент од средбата помина непроверено, се подразбира на што мислам. Истиот судија од дуелот против Шефилд ми делеше правда. Сите на светот вчера видоа пенал за нас, само тие што треба не видоа“, истакна Мурињо, а колку беше незадоволен, се виде на прес-конференцијата, која ја напушти непосредно откако почна.

- Оглас -

Најнови вести