Бруно прави дармар, но вчера ВАР му прогледа низ прсти за пеналот (фото+видео)

Со погодок и асистенција, Бруно Фернандеш повторно издиригира триумф за избраниците на Оле Гунар Солскјер. Манчестер јунајтед на погон на Португалецот ја нокаутира Астон вила со 3-0, резултат за историско остварување во англиското првенство. Иако зад себе остави нов блескав настап, фудбалските фанови го критикуваат неговиот потег, а тоа го трпи и ВАР за досудениот пенал во своја корист.

https://www.youtube.com/watch?v=N85Z48o6SDQ

Фернандеш стигна прв до топката, па иако судијата Џонатан Мос досуди прекршок од страна на Конса, на повторената снимка се гледа дека Португалецот го гази со нога противничкиот играч, што автоматски треба да биде прекршок во напад и веројатно санкција за Бруно.

Инаку Фернандеш со феноменалниот настап на „Вила парк“ го врежа своето име во историските книги на Премиер лигата како прв играч кој на првите 10 меча учествувал во 13 погодоци (7 гола, 6 асистенции). Новата ѕвезда на Јунајтед дефинитивно ги оправдува средствата откако пристигна на „Олд Трафорд“ во јануарскиот преоден рок.

- Оглас -

Најнови вести