ВАР е расипувач на забавата на „Енфилд“, Интер пак е подобар од Шериф

Ливерпул можеше да води со 3-0, а Атлетико да намали на 1-2, но двата гола беа поништени од ВАР-собата по прегледување на снимка, па Црвените и натаму имаат предност од 2-0. Особено минимален беше офсајдот на Жота од Ливерпул, а на Суарес не му се исполни желбата да даде гол против својот поранешен клуб.

Интер со два гола во мрежата на Шериф најверојатно победува во Тираспол и сега се наоѓа во добра позиција да оди во осминафиналето доколку не се случат нови сензации, а прашањето на победникот би требало да го реши и Манчестер сити, кој води со 3-1 против Бриж. Најубедлив е Спротинг, кој води со 4-0 против Бешикташ.

- Оглас -

Најнови вести