ВАР и Сампдорија ѝ откинаа два бода на Старата дама

Јувентус ремизира без голови на гостувањето кај Сампдорија во рамките од второто коло во Серија А. Старата дама рано во сезоната се сопна, на „Луиџи Ферарис“ очекувано им беше тешко на фудбалерите на Макс Алегри, но и ВАР-технологијата им помогна на домаќините за да се делат бодовите.

Рабио иако е на излезна врата, доби шанса да игра од првата минута. Французинот успеа да ја затресе мрежата на Сампдорија во 65-тата минута, меѓутоа поради недозволена позиција голот не важеше.

Јувентус по два меча во Серија А има четири бода, Сампорија вечерва го освои првиот.

- Оглас -

Најнови вести