31.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

ВАР се изрезили во Белгија, никој не може да поверува дека овој гол беше признат (Видео)

Минатиот викенд во Белгија се играше последното коло од регуларниот дел во Жупилер лигата, а во дербито се сретнаа актуелниот шампион Антверпен и лидерот на табелата Унион сен Жил, кој помина во знакот на неверојатната одлука на главниот судија и на судијата во ВАР-собата.

Мечот заврши без победник, 1:1, а сите главни моменти од мечот се случија во последните 20 минути. Прво гостите останаа со играч помалку, а потоа и поведоа, па Антверпен во втората минута од судиското продолжение се спаси од пораз.

Но, голот за 1:1 ги зачуди сите бидејќи од прегледување на снимката, јасно се гледа дека стрелецот на голот, Жирано Керк, играше со рака, и тоа двапати, по што ја смести топката во мрежата.
Но, судијата во ВАР-собата и главниот судија одлучија да го признаат голот.

 

Union Saint-Gilloise 1 – [1] Antwerp – Gyrano Kerk 90+2′. Allowed goal after VAR check despite clear handball.
byu/DieuMivas insoccer

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести