ВАР си зеде слободна вечер во Мадрид, не видоа пенал кога Марсело го влечеа за коса (Видео)

Во Реал Мадрид после поразот од Алавес сметаа дека се оштетени и дека морало во финишот на првото полувреме да има пенал за нив, но од ВАР собата не се огласија, па не добија шанса со удар од 11 метри да изедначат на 1-1.

Бразилскиот лев бек кој е гаранција за неуспех на Реал Мадрид (откако Зидан се врати на клупата, Реал има 10 порази на 29 средби, и на сите тие мечеви стартер бил Марсело, а кога не игра тој, Реал на 30 меча не знае за пораз), овојпат веројатно изнуди пенал, можеби и црвен картон за играчот на Алавес, но судиите останаа неми.

Погледнете и проценете дали за ова се суди пенал:

https://twitter.com/i/status/1332816757439029254

- Оглас -

Најнови вести