Реал Мадрид води со 2:1 против Атлетико по првото полувреме, во дербито на Примера дивисион. Реал поведе со голот на Касемиро, кој на атрактивен начин ја затресе мрежата на домаќините. Погодокот на Касемиро беше постигнат по 16 минути и 33 секунди игра и тоа е најбрзиот гол што Атлетико го примил на „Ванда Метрополитано“ во шпанското првенство.
Атлетико израмни со погодокот на Антоан Гризман во 25 минута, кога по една неуспешна оф-сајд замка, францускиот голгетер го матираше Тибо Куртоа. Помошникот судија во оваа ситуација покажа дека има недозволена ситуација, но ВАР системот покажа дека погодокот на Гризман е регуларен.
https://twitter.com/ncarmelg/status/1094261640785264642
До крајот на полувремето, судијата и втор пат мораше да се консултира со ВАР системот, но овојпат тоа беше во корист на Реал Мадрид. Во 42 минута беше досуден пенал, а капитенот на гостите, Серхио Рамос погоди за 2:1 на полувреме.