ВАР системот најмоќното оружје на Реал Мадрид по враќање на сезоната во Примера

Реал Мадрид е на прагот да ја освои само третата титула во последните 12 години, а втора во ерата на Зинедин Зидан како тренер. Кралскиот клуб има убедливи четири бода пред најголемиот ривал Барселона, а до крајот остануваат уште пет кола. Додека Реал нареди шест победи по продолжување на сезоната поради Коронавирусот, Барселона успеа три пати да киксира и одигра нерешено, па затоа сега е во заостанување од четири бода.

Каталонските медиуми вината за ова заостанување на Барселона ја гледаат во помошта на Реал Мадрид што ја има од ВАР системот. Според Каталонците, Реал речиси на сите мечеви имал помош од ВАР системот. Меѓу одлуките кои се донесени во корист на Реал се спомнуваат голот на Бензема на дуелот против Еибар, потоа погодокот на Французинот на гости кај Реал Сосиедад кога играше со рака пред да погоди, но арбитрите не досудија ништо. На истиот меч во Сан Себастијан беше поништен и еден погодок на Сосиедад поради пасивен офсајд на Јонузај.

Против Валенсија, Родириго даде гол за 0:1, но тој беше поништен поради претходен офсајд во кој бил Мајси Гомес. против Мајорка, Карвахал направи фаул, но не беше досуден, па Реал од таа акција поведе со 1:0. И на последниот меч против Хетафе, според многумина, Карвахал направи фаул во шеснаесетникот на Реал, но судијата не сакаше да гледа ВАР технологија, за да подоцна биде досуден пенал во корист на Реал по фаулот токму над Карвахал.

Како единствен меч на кој Реал немал помош од ВАР технологијата се наведува гостувањето кај Еспањол.

Освен помошта од технологијата, се потенцира дека судиите немаат ист критериум кон дефанзивците на Реал и на Барселона. Капитенот на Реал, Серхио Рамос сезонава има направено 46 фаули, а добил само осум жолти картони, додека Жерард Пике од Барселона, добил 14 јавни опомени за само 30 прекршоци. Пике добил четири картони поради протести кон судијата, а ниту еден арбитар не го казнил Рамос со жолт картон поради приговор.

До крајот на првенството има уште да се игра, но Реал е во пол позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести