ВАР-системот ги намали судиските грешки во фудбалот на минимум, но сега и тој може да замине во историјата. Светската куќа на фудбалот, ФИФА, веќе тестира нов систем кој е наречен ФВС (Football Video Support), кој ќе треба да го замени ВАР-системот.
Ако ВАР-системот замине во историјата, со него во историјата ќе замина и ВАР-собата, но и ВАР-судиите, а ќе има само еден техничар и екран. ФВС всушност ќе се прегледува само по барање на тренерите, а судиите веќе нема да добиваат сугестии што да досудат. Ваков систем веќе постои во некои други спортови, тренерот ја прекинува играта, бара прегледување на ситуацијата, судијата оди кај екранот и го гледа спорниот момент, на крајот носи одлука.
Овој систем веќе се користеше на младинските светски првенства за жени, а ФИФА од меѓународниот борд за правила побара дополнително време за тестирање на ФВС.