Вардар 1961 ги пријави браќата Њокас за настап во Лигата на шампионите

Ракометниот клуб Вардар 1961, ги пријави браќата Оливие и Кевин Њокас за настап во Лигата на шампионите, иако клубот уште нема официјално објавено дека има договор со нив. Веројатно во текот на денов ќе се случи и тоа. Браќата требаше сезонава да настапуваат за Металург, но Французите нема да играат за клубот од Автокоманда, затоа што клубот не ги извади потребните сертификати за да ги регистрира.

Вардар задутре игра на гости кај Елверум, и ќе може да смета на Оливие и Кевин Њокас се најдоа на списокот на Црвено-црните за настап во ЛШ која е пријавена во ЕХФ. Кевин ќе има дрес број 10, а Оливие ќе игра со дрес број 6 на грбот. Договорот со нив ќе биде на една година, со опција за продолжување на соработката.

Од друга страна, Вардарци останаа без Едуардо Гурбиндо, кој прејде во Динамо Букурешт.

- Оглас -

Најнови вести