Вардар 1961 со сите оружја ќе се обиде да го урне „змејовото гнездо“

Екипата на Вардар 1961 после пауза од речиси три месеци без натпревар во Лигата на шампионите, вечерва од 20.45 часот во „Драгао арената“ гостуваат кај Порто чиј голман е македонскиот Никола Митревски репрезентативен чувар на мрежата. За Црвено-црните ова е почеток на пеколниот февруари во кој Вардар 1961 ќе одигра дури седум меча од ЛШ.

Порто е фаворит на хартија според квотите во Sport Life, а првиот меѓусебен дуел на овие два тима сезонава во Скопје заврши 25-25. Во моментов, Порто има 6 бода од осум меча, додека двократниот европски првак е последен со три бода од само пет меча.

Тренерот Стевче Алушовски и Тимур Дибиров во своите изјави звучеа оптимисти настроени дека може да слават во Порто. Вардар еднаш има гостувано во Порто, лани во февруари и загуби со 22-30. Деби во Лигата на шампионите за Вардар ќе има левиот бек Васко Шеваљевиќ кој е со екипата и синоќа тренираа во салата во Порто.

- Оглас -

Најнови вести