Вардар додаде гас, за Бутел немаше спас

Вардар ја забележа и третата победа во третиот меч на традиционалнито ракометен турнир во Струга, а вечерва победен беше скопскиот ривал РК Бутел со 25:17.

Аутсајдерот солидно се држеше во првото полувреме и на одмор се замина со предност на Вардар од 14:11, а потоа фаворитите покажаа дека се уште се меѓу најсилните екипи на континентот и славеа убедливо со 8 гола разлика.

Утре од 21.15 часот вардарци ќе играат за титулата на струшкиот турнир против големиот ривал Еурофарм Пелистер, кој исто така досега забележа максимални три победи.

Утре од 19.15 часот за третото место на турнирот ќе играат Металург и Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести