Вардар е како Феникс, Ристовски и Дибиров го вратија во „живот“

Македонскиот првак Вардар по првото полувреме има резултат од 16:16 против Алборг во меч од третото коло од групата А во рамките на Лигата на шампионите.

Црвено-црните иако во два наврати имаа негатива од четири погодоци (5:9, 7:11), сепак успеаја да се вратат против моќниот дански тим.

Тимур Дибиров е најефикасен по првото полувреме со шест погодоци, но вистинска живост внесе Борко Ристовски кога влезе на теренот и со неколку одлични интервенции го врати Вардар во живот.

Кај гостите, најефикасен на теренот е Феликс Клар со четири погодоци.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести