Вардар е во вториот шешир за ждрепката во ЛШ, ако игра со ракометната елита

Двојниот европски првак Вардар се најде во вториот по квалитет шешир во Лигата на шампионите за ждрепката закажана в петок од 11 часот, но неизвесно е дали ќе игра со ракометната елита сезонава.

Со Вардар во вториот шешир се и Алборг, Кјелце и Порто, а стандардно има четири групи од по четири екипи. Во првата и најсилна се актуелниот европски првак Барселона, потоа и Кил, Пик Сегед и Пари Сен Жермен.

Во третиот шешир се Мешков Брест, Фленсбург, Веспрем и Монпелје, а во последниот се Мотор, Загреб, Динамо Букурешт и Елверум.

Вардар, сепак, сè уште условно е член на Лигата на шампионите поради долгови од претходното раководство преводено од Сергеј Самсоненко.

Беше променето и името во Вардар 1961 што е спорно за ЕХФ, па европската куќа на ракометот бара од двојниот европски првак да уплати депозит од еден милион евра на две рати.

Првиот дел мора да биде уплатен до 13 јули, а втората рата најдоцна две недели подоцна, односно до 27 јули.

Ако Вардар не уплати гаранција од еден милион евра, на негово место во Лигата на шампионите ќе игра првакот на Словенија, Горење.

- Оглас -

Најнови вести