Вардар го дозна распоредот на натпревари за новата сезона во ЛШ

Вардар 1961 го дозна распоредот на натпревари за новата сезона во Лигата на шампионите, па останува само да ги потврди точните датуми и термини за нивно одигрување.

Според предложениот план на ЕХФ, во првите четири кола Вардар1961 трипати ќе биде домаќин. По гостувањето во Норвешка кај Елверум, на 15 или 16 септември следуваат три домашни натпревари, со Мешков Брест, со Алборг и со Монпелје.

Првата фаза од ЛШ, односно првите 10 кола ќе завршат на 8 или 9 декември, по што следува период за подготовка за настап на ЕП 2022. Продолжението, односно последните четири кола се од 16/17 февруари до 9/10 март 2021 година.

Распоред на натпревари:

1 коло, 15/16.09, Елверум – Вардар
2 коло, 22/23.09, Вардар – Мешков Брест
3 коло, 29/30.09, Вардар – Алборг
4 коло, 13/14.10, Вардар – Монпелје
5 коло, 20/21.10, Алборг – Вардар
6 коло, 27/28.10, Вардар – Кил
7 коло, 17/18.11, ПИК Сегед – Вардар
8 коло, 24/25.11, Вардар – ПИК Сегед
9 коло, 01/02.12, Кил – Вардар
10 коло, 08/09.12, Загреб – Вардар
11 коло, 16/17.02, Монпелје – Вардар
12 коло, 23/24.02, Вардар – Загреб
13 коло, 02/03.03, Мешков Брест – Вардар
14 коло, 09/10.03, Вардар – Елверум

- Оглас -

Најнови вести