Вардар 1961 беше подобар од ГРК Тиквеш со 29-25, и привремено изби на чело на табелата во македонската ракометна Суперлига.
Сега погледите на Црвено-црните ќе бидат насочени кон Охрид, каде утре гостува Еурофарм Пелистер. Ако победат битолчани, ќе бидат на чекор од нова титула, но победа на охриѓани ќе внесе тотална неизвесност, па во тој случај три тима би се бореле за титулата.