Босна и Херцеогвина и Италија вечерва во директен дуел ќе одлучуваат за пласман на Светското првенство, а селекторот на Босанците најави дека секако ќе го паркираат автобусот, без разлика пред чиј гол ќе биде тоа.
„Ако први постигнеме гол, ќе го паркираме автобусот, а ако губиме – тогаш ќе го паркираме автобусот пред нивниот гол. Нека почне натпреварот, па ќе видиме како ќе реагираме. Ми се допаѓа таа емоција и љубовта што се создава меѓу момците, односно меѓу репрезентацијата и државата. Тоа го сметам за најголем успех“, рече селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез.
Италијанците со претпазливост го најавуваат мечот во Зеница откако во баражот за минатото Светско првенство беа елиминирани од Македонија со голот на Александар Трајковски во Палермо.

