Вардар ќе се обиде да и се реваншира на екипата на Академија Пандев за поразот и елиминацијата во осминафиналето на купот, кога поранешниот вардарец Никола Серафимов погоди во 91. минута за голема радост на струмичани.
Нешто повеќе од еден месец од тој меч, најтрофејниот македонски клуб и Академците на Пандев повторно ќе играат меѓусебе, овојпат во премиерата на 13. коло во Првата лига и тоа во Скопје.
Струмичани врза две победи и ќе играат во полуфиналето на националниот куп, па во многу подобро расположение ќе му дојдат на мегдан на Вардар.
Но, Академците на Пандев имаат многу лоша серија против македонскиот гигант и никогаш не го победиле Вардар во првенствен дуел.
Билансот е 7 победи на Вардар и четири нерешени, што е супер традиција за „црвено-црните“ и катастрофална за струмичани.
Интересно е што на три од последните четири дуели меѓу овие две екипи резултатот беше 1:0, двапати за Вардар и еднаш, на последниот куп-меч меѓу двете екипи во корист на Академија Пандев.
Бодовите се исклучително важни и за двете екипи. Вардар со нова победа против гостите ќе се приклучи на водечката шесторка и ќе побегне далеку од опасната зона, а трите бода за Академија Пандев ќе значат голем исчекор во битката за продолжување на прволигашкиот статус.
Мечот ќе се игра во Скопје од 13 часот.
Двојки, Прва Лига:
Денеска, 13.часот: Вардар- Академија Пандев
Утре, 13 часот: Македонија Ѓ.П. – Шкупи, Струга – Шкендија, Ренова – Борец, Беласица – Работнички, Пелистер – Силекс.
Табела: Шкендија 26, Македонија Ѓ.П. 25, Шкупи 24, Струга и Борец по 19, Вардар 16, Силекс 14, Работнички 13, Пелистер 12, Академија Пандев 10, Ренова и Беласица по 8.