Сите шест натпревари од 9-тото коло на Првата македонска фудбалска лига, ќе се играат денеска од 14 часот, а половината од нив се во Скопје.
Фудбал во главниот град ќе се игра на Арената „Тодор Проески“ каде Вардар ја пречекува Струга во нивниот јубилеен десетти меѓусебен дуел, во Чаир на Шкупи му гостуваат струмичани, додека на „Борис Трајковски“ во Маџари ќе се игра соседското дерби помеѓу Гостивар и Беса од Добри Дол.
Квотите во Sport Life најавуваат неизвесност на повеќето мечеви. Средбата во Кратово со интерес ќе ја следат и Гостивар и Работнички, бидејќи ако Шкендија не го победи Силекс, може да има нов лидер на табелата.