Вардар како брз воз го прегази Татран

Вардар од гостувањето во Словачка кај Татран Прешов се враќа со убедлива победа од 29:22. Ракометарите на Писонеро немаа никакви проблеми во обидот да ја остварат шестата последователна победа во сите натпреварувања, односно трета по четири кола во групната фаза од СЕХА-лигата.

Вардарци беа доминантни во двете полувремиња, во кои не му дозволија на противникот да се надева на позитивен резултат. По водството од 10-8 во првите 30 минути, Вардар го забра темпото со намера што побрзо да го осигури потребниот триумф. Во последните 10 минути европскиот првак влезе со двоцифрена предност за мирен крај на средбата, иако домаќините намалија на -7 негатива.

Дибиров со пет гола ги предводеше Вардарци, а Горбок и Шишкарев завршија со по четири гола. Кај поразените, Рабек со шест гола беше најдобар.

- Оглас -

Најнови вести