Вардар ќе биде европски првак до крајот на годинава

Европската ракометна федерација денеска одлучи дека завршниот турнир во Лигата на шампиони ќе се игра на 28 и 29 декември во Келн. Турнирот кој речиси секоја година се игра на крајот од мај или почетокот на јуни, овојпат беше одложен поради пандемијата со Коронавирусот.

Сезонава дури не се одиграа ниту осминафиналните и четвртфиналните дуели, туку веднаш беа одредени четирите клубови кои ќе бидат дел од фајнлфорот. Во борба за трофејот ќе бидат ПСЖ, Кил, Веспрем и Барселона. Тоа се четирите екипи кои ги освоија првите две места во групната фаза.

Челниците на европскиот ракомет на состанокот се сложиле дека од огромна важност е да се доигра сезоната и да се прогласи нов континентален владетел. Приматот за најдобар клуб во Европа повеќе од една година го има нашиот Вардар. Ако се знае дека Црвено-црните на почетокот на јуни минатата година го освоија најзначајниот пехар, факт е дека ќе бидат европски владетели до два дена пред крајот на 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести