Вардар не памети ваков дебакл во СЕХА – Шампионот загуби со 42:26 од Нексе

Вардар доживеа нов тежок пораз, вечерва во меч од СЕХА лигата, а Нексе беше многу подобар од шампионот и славеше со 42:26.

Во Регионалното натпреварување, каде Вардар апсолутно доминира со титулите, скопјани не паметат ваков пораз.

Првото полувреме комбинираниот состав на „црвено-црните“ го загуби со 18:14, а потоа се случи вистински потоп. Разликата постојано растеше во корист на хрватскиот тим и на крајот победата на Нексе е многу убедлива. Постигнаа 24 гола во вториот дел, двојно повеќе од Вардар.

Марио Томиќ со 8 гола и Томислав Северец со шест го предводеа ефикасниот домаќин до значајна победа. Кај Вардар Дејан Кукуловски беше најефикасен со 7 гола, а Ален Ќосевски и Мартин Карапалевски постигнаа по 4.

Вардар и покрај поразот остана на врвот на табелата во А групата со 24 бода, а Нексе е претпоследен со 12 бодови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести