Вардар одлично пазареше – Оцвирк втор најталентиран тинејџер во Европа

Грега Оцвирк има само 19 години и е втор најголем талент во Европа според изборот на Европската ракометна федерација. Вардар одлично пазареше летоска кога од Целје успеа да го донесе левиот бек и со него потпиша тригодишен договор.

Оцвирк блескаше на младинското европско првенство и со 57 погодоци беше најдобар стрелец, а предводена од него Словенија го освои златото.

Пред Оцвирк според ЕХФ е 18-годишниот француски талент Дилан Нахи, а во топ-10 нема ниту еден македонски ракометар.

Зад Нахи и Оцвирк следат Диого Силва од Португалија, потоа и Лудвиг Холбек од Шведска, соиграчот на Нахи, Килијан Вилемино, Хаукар Трастарсон од Исланд, Швеѓанецот Фабијан Норстен, Јовица Николиќ од Србија, Германецот Јури Кнор и Саду Нтанзи од Франција.

- Оглас -

Најнови вести