Португалскиот гигант Порто синоќа неочекувано загуби на гостувањето кај Каса Пија со 2:1 во меч од 20-тото коло во домашното првенство. За Порто ова е прв пораз сезонава во шампионатот, па овој тим го напушти друштвото на непоразени во домашните првенства, на кое се наоѓаат само мал број екипи.
Меѓу екипите кои немаат пораз сезонава во домашното првенство е скопски Вардар, кој е есенски првак во македонскиот шампионат. Покрај Вардар, тука се само уште пет екипи, а тоа се: Бенфика од Лисабон, Тре Пене од Сан Марино, Славија Прага од Чешка, како и истанбулскиот Фенербахче.
Екипата на Клаксвик од Фарски Отрови веќе ја заврши сезоната без пораз, па чека дали уште некој ќе му се придружи во подвигот.
Пред Вардар е „второто полувреме“ од првенството, каде што најголем предизвик ќе биде да се задржи првото место и шампионскиот пехар да пристигне во витрините на најтрофејниот клуб во Македонија но секако одбрана и на тронот во Купот на Македонија.

