Вардар 1961 го победи Еурофарм Пелистер со 27-24 во големото македонско ракометно дерби, што за битолчани е прв пораз сезонава.
Црвено-црните водеа во текот на целиот меч и заслужија да ги израдуваат своите фанови.
Клучен период беше кога после минималните 22-21, вардарци направија серија од 3-0 за 25-21 на седум минути до крај. Гостите имаа прилика да се доближат сериозно, но при 25-22, Еспиња одбрани седмерец, и потоа Црвено-црните зголемија на комотни 26-22, а веќе снема и време за битолчани да направат некаков пресврт. Во финишот Еспиња фати уште еден пенал по што дефинитивно беше јасно дека бодовите остануваат во главниот град.
Сердановиќ со 8 гола (пет пенали), и Георгиевски кој даде 5, беа најефикасни кај Вардар, Еспиња имаше девет интервенции. Во поразниот тим се истакнаа Кузмановски со 7 гола и Митревски со 10 одбрани.