Вардар покажа дека нема фаворити, може ли Металург да направи чудо вредно 7.95 коефициент

Металург денеска ја започнува европската авантура во Лигата на Европа. Тимот од Автокоманда гостува кај Тулуз, а домаќините се големи фаворити за победа. Нашиот претставник утрово го одржа и единствениот тренинг во салата во која вечерва се игра средбата со почеток од 18:45 часот.

Единствен проблем за тренерот Зоран Кастратовиќ е неиграњето на Мартин Серафимов, кој беше позитивен на последното тестирање за корона-вирусот.

Златко Хорват треба да биде ударната сила во Металург, но секако и останатите да покажат дека не случајно се пласираа во групната фаза во второто по ранг ракометно натпреварување во Европа.

Дека нашите екипи знаат да се покажат во најдобро светло кога се мали шансите за победа, Вардар покажа минатата недела, со победата над Фленсбург, иако Германците беа фаворити пред средбата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести