Вардар на болен начин се збогуваше со настапите во европските купови летово. Поразот од 5:0 од Лозана е неочекуван, но едноставно избраниците на тренерот Гоце Седлоски не се снајдоа на вештачката трева на стадионот во Лозана и на крајот загубија убедливо.
Ова не е првпат Вардар да биде убедливо поразен во Европа. Седми пат низ историјата Црвено-црните примаат пет или повеќе голови.
Најубедливиот пораз на Вардар во Европа е тој од Реал Сосиедад во групната фаза од Лигата на нациите во 2017 година. Тогаш на гостувањето во Шпанија, Вардар загуби со рекордни 6:0.
Истата сезона Вардар беше поразен со 5:0 на гости и кај Зенит. Порази од 5:0, најтрофејниот македонски клуб во Европа претрпувал и од Легија Варшава, Шалке 04, како и во дуелот против Данфермлајн во далечната 1961 година.
Пет гола Вардар прими и од Роселаре, но тогаш Црвено црните дадоа почесен погодок, па на крајот беше 5:1.
Секој убедлив пораз е болен и тешко да се прифати, но факт е дека овој Вардар само пред неколку месеци беше клуб кој се бореше за опстанок во домашното првенство, а на крајот успеа да го освои Купот на Македонија и потоа со пласманот во Европа да забележи две победи, едно реми и еден пораз, токму овој од Лозана со 5:0.