Вардар повторно е лидер во Прва лига, Шкупи веќе има примено 101 гол сезонава

Вардар без никакви проблеми го победи Шкупи како гостин со 7:0, во меч од 28. коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Со овој триумф Вардар се врати на лидерската позиција на табелата со 68 бодови, еден повеќе од второпласираната Шкендија. До крајот на првенството, овие два тима ќе видат голема борба за освојување на титулата. Шкупи го претрпе 27-миот пораз и остана на само еден бод, а чаирчани сега имаат примено точно 100 голови сезонава.

Серијата погодоци на отвори Закариќ кога погоди за 1:0. Шкупи имаше голема шанса да израмни, но Ферати кој излезе сам пред голманот на Вардар Ќосевски не успеа да погоди во 40 минута. Во финишот на првиот дел Вардар даде два гола. Најпрво Давид Бабунски зголеми на 2:0, а во 45 минута Рустеми си постигна автогол за 3:0 за Вардар на полувремето.

Во вториот дел вардарци продолжија во исто темпо и постигнаа уште четири погодоци. Тодоровски со погодок во 56 минута зголеми на 4:0, а потоа голови постигнуваа и Цветковиќ во 73 минута и Спахиу во 81 минута. Во последната минута точна на мечот стави Омерагиќ за 7:0.

- Оглас -

Најнови вести