Шкендија победи со 1-0 во Кавадарци против Тиквеш, а лидерот на прволигашката табела голот го постигна откако остана со човек помалку на терен.
Силекс се задржа на втора позиција благодарение на победата над Воска спорт од 2-1 со голови во 85-та и 92-ра минута. Победничкиот гол на Донов беше вистинска бомба која беше неодбранлива за домашниот голман.
Немаше голови на скопската битка Шкупи – Работнички, а Вардар со голови на Закариќ и Спахиу триумфираше против Брера во Струмица и сега најтрофејниот клуб е на прилично комотни шест бода над опасната зона, додека струмичани се последни на табелата.
Покрај Брера, три порази по ред има и Гостивар кој полека се откажува од трката за излез во Европа.
РЕЗУЛТАТИ: Брера Струмица – Вардар 0-2, Беса – Гостивар 2-1, Шкупи – Работнички 0-0, Тиквеш – Шкендија 0-1, Воска спорт – Силекс 1-2, Струга – Пелистер 4-1.