Вардар продолжува да тоне, шампионот им зеде мерка на Црвено-црните

Фудбалерите на Вардар остануваат заковани на дното на табелата откако денеска загубија со 1:3 од Струга ТЛ во рамки на 16-тото коло во Првата македонска фудбалска лига.

Црвено-црните по 16 меча имаат освоено 11 бода, додека шампионот Струга ТЛ е третопласиран со 30 бода.

Стружани уште на самиот старт постигнаа два гола и ги решија дилемите околу победникот. Прво Згуро во шестата минута го отвори резултатот, а две минути подоцна Таири зголеми на 0:2.

Во 32-рата минута, Вардар успеа да намали на 1:2 преку Милосавиќ, но Басиру Компаоре ја завери победата на Струга.

Шкендија со головите на Шала во 59-тата и на Чинари во 92-рата минута дојде до триумф над Работнички и се израмни со Шкупи на првото место на табелата со 32 бода. Шкупи пак одигра без голови на гостувањето кај Гостивар.

Брера Струмица одира 1:1 против Брегалница, која се спаси од пораз со гол во судиското продолжение , а минимален триумф оствари и Македонија ЃП во дуелот против Силекс. Голот вреден три бода за Лавовите го постигна Фазли во 83-тата минута. Најубедливата победа ја оствари Тиквер, кој со 3:0 славеше на гостувањето кај Воска спорт.

Резултати:
Брера – Струмица 1:1
Гостивар – Шкупи 0:0
Македонија ЃП – Силекс 1:0
Шкендија – Работнички 2:0
Вардар – Струга ТЛ 1:3
Воска спорт – Тиквеш 0:3

Табела: Шкупи 32, Шкендија 32, Струга ТЛ 30, Силекс 23, Тиквеш 22, Брера Струмица 20, Работнички 20, Гостивар 20, Македонија ЃП 18, Воска спорт 16, Брегалница 16, Вардар 11.

- Оглас -

Најнови вести