Ракометарите на Вардар ја забележаа и четвртата победа по ред во Суперлигата откако како гости славеа со 34-23 над Бутел. Прашањето околу победникот беше решен уште во првото полувреме, по кое „црвено-црните“ имаа водство од 12-20.
Вардар со новата победа само се зацврсти на врвот од табелата со 38 бода по 20 кола.
Убедлива победа на отворањето од 20-тото првенствено коло забележа и Охрид, кој без проблеми славеше на гостувањето кај Куманово со 14-30.
Избраниците на тренерот Ројевиќ бодовите ги впишаа уште по првите 30 минути, во кои примија само пет гола, а дадоа дури 15. Сепак, кумановци во второто полувреме беа многу поефикасни и постигнаа девет гола, наспроти 15-те на гостите од Охрид.
Куманово со 14 гола го израмни негативниот ефект по најмал број на постигнати голови со „фенерџијата“ Радовиш, кој беше поразен од Охрид со 14-37.
Охрид со овие два бода се искачи на втората позиција на табелата со 33 бода, но Еурофарм Пелистер и Алкалоид своите натпревари ги играат во среда.

