Комплетното 27-мо прволигашко коло ќе се одигра попладнево од 16 часот, а сите шест меча се дел од богатата понуда на Sport Life. Фудбалерите на Вардар на комплексот на ФФМ го пречекуваат Тиквеш со амбиција да дојдат и до десеттиот меч без пораз во серија. „Црвено-црните“ и според квотите во Sport Life се големи фаворити со квота од 1.60 за победа.
Вардар пролетва одигра вкупно 10 натпревари во првенството и купот, а загуби само на првиот, на 16-ти февруари, од Шкендија со 1-2. На останатите девет меча, најтрофејниот македонски клуб забележа шест победи, а трипати ремизираше.
Екипите кои се борат за титулата во Првата лига, Шкендија и Силекс, се и најголеми фаворити за победа ова коло според квотите во Sport Life. На „Градскиот стадион“ во Тетово гостува Воска, додека Силекс го пречекува составот на Беса. Фаворити се и Пелистер против Брера, како и Гостивар против Шкупи, а најинтересно се очекува да биде на мечот помеѓу Работнички и Струга, а тоа го велат и квотите во Sport Life.
„Романтичарите“ се во мала предност со квота од 2.26, ремито има квота од 2.80, додека победата на Струга носи квота од 3.05.
На табелата во водствот е Шкендија со 56 бода, четири повеќе од Силекс, додека трет е Работнички со 49 поени.