Вардар со иста мерка ќе му врати на ривалот од кој пред две недели загуби со четири гола

Македонскиот ракометен првак Вардар денеска на свој терен во 18 часот во салата „Јане Сандански“ ќе игра против Татран Прешов во меч од третото коло на регионалната СЕХА-лига. Црвено-црните загубија од овој ривал во првото коло со 27:23 и тоа беше прв пораз од Татран по 13 победи во низа.

Вардар сега е подготвен да му се реваншира на ривалот од Словачка, па според коефициентите во Sport Life, нема дилема дека ќе победи двократниот европски првак, а границата за кец со хендикеп е на 4,5 погодоци, што значи дека Вардар треба да брка пет гола позитива за победа со хендикеп.

Границата за вкупно голови на овој меч е поставена на 54,5 погодоци, а за голови во првиот дел, границата е на 26,5 гола.

- Оглас -

Најнови вести