Вардар веќе нема право на кикс, дербито на колото се игра во Маџари (Фото)

Вардар оваа сезона игра катастрофално на домашен терен и на осум меча има само две победи, едно реми и пет порази. Ваквата лоша форма пред својата публика ќе мора да ја поправи на денешниот меч против Тиквеш доколку сака да си ја подобри и ситуацијата на табелата, каде што во моментов се наоѓа на 10-тата позиција, но само со два бода повеќе од последнопласираниот Тиквеш.

Токму екипата од Кавадарци оваа сезона веќе двапати загуби од Вардар, најпрво 0-1 на домашен терен, меч кој беше прекинат и регистриран со службена победа на Црвено-црните, а потоа и во Купот на Македонија, кога Вардар славеше со 2-0.

Вардар е фаворит и на денешниот меч според квотите во Sport Life. Квотата за победа на најтрофејниот македонски фудбалски клуб е 2.05, додека изненадувањето на Тиквеш има квота од 3.60. Кавадарчани се во катастрофална форма и немаат победа на последните 15 меча, а единствената прволигашка победа оваа сезона ја забележаа речиси пред четири месеци, кога на домашен терен ја совладаа Воска со 2-1.

Дербито на 17-тото коло се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари. Две од трите водечки екипи играат меѓу себе, а предноста според квотите е на страната на Гостивар, но Силекс е најпријатното изненадување сезонава.

- Оглас -

Најнови вести